Ако ние се откажеме, Бугарија ќе го прати Гарванлиев следната година на Евровизија?

Од бугарската партија ВМРО на Красимир Каракачанов најавуваат дека ако Македонија се откаже од настапот на Васил Гарванлиев на Евровизија, следната година тие ќе го испратат.

Од партијата исто известуваат дека нема да толерираат негативни чувства и кампања против него, само поради тоа што отворено кажал дека поседува и бугарски пасош, кој го добил благодарение на потеклото на неговата баба.

– „Евровизија“ е натпревар во пеење за слободни и талентирани млади луѓе. Со што се случува со претставникот на РС Македонија на Евровизија Васил Гарванлиев не кореспондира на кој било начин со европските вредности за кои Скопје официјално тврди дека тежнее – стои во нивното соопштение.

Претходно од МРТВ соопштија дека ќе се формира комисија која ќе го преиспита настапот на младиот пејач, откако за таа цел се појавија неколку онлајн-петиции кои бараат негово повлекување од фестивалот, поради јавното признание дека има бугарски пасош, но и поради уметничкото дело „Триптих“ на Жанета Вангели, кое се појавува во кадар од спотот, а боите се распоредени на ист начин како на бугарското знаме.

Нивното делумно контроверзно соопштение можете да го прочитате тука.

loading...

Останати вести

Едвај се извлекле: Николина Пишек и ќерка ѝ за малку ќе настрадале од труење

Elena Daskalova

(ВИДЕО) Мицкоски: 2021 година ќе е година на промени

admin

Вилијам, Кејт и децата – новогодишна честитка

Elena Daskalova