Бегството на Мијалков ги сврте погледите на Брисел и Стејт департментот кон Македонија

Стејт департментот и Брисел одблизу ја следат ситуацијата во Македонија, откако од неделата му се губи трагот на ексдиректорот на некогашното УБК, Сашо Мијалков, обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“ за масовното прислушување.

Од Стејт департментот велат дека се свесни за извештаите, како и дека одблизу ја следат ситуацијата. Европската Комисија пак, вели дека со голема винамтелност се следи ситацијата во земјава.

Европската Унија потсетува и дека инсистираат на важноста да се утврди одговорност за сите злодела, вклучиувајќи ги и нелегалните прислушувања.

Со свој став излезе и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој пак вели дека правда нема во државата, бидејќи владеела мафија.

„Ако до вчера бевме најкорумпираната држава во Европа, од денес или да бидам попрецизен од вчера ние ќе бидеме најкорумпираната држава во светот. Ова е срамота и на ништо не личи. Постои коалиција на криминалот, Заев – Мијалков, се договорија да избега“, рече Мицкоски.

Во меѓувреме, во владата со високи тонови се расправало за бегството на Мијалков. Премиерот Зоран Заев најавил дека ќе има разрешувања ако не се најде одговорниот за четвртото бегство на обвинети во случаите кои ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.

Претходно, од земјава избегаа ексразузнавачите Горан Грујовски и Никола Бошковски, како и експремиерот Никола Гуревски.

loading...

Останати вести

Според проценките на МВР, Мијалков се уште е во Македонија, приведено е едно лице поврзано со бегството

admin

Полицијата нашла дрога, куршуми и пушка кај 20-годишен пробиштипјанец

admin

Врховниот суд доби нова претседателка

Elena Daskalova