„Бентлито“ на плоштад отвори прашање – Доволни ли се казните од 45 евра за дивеење?

Казната за возачот на „Бентлито“ кој влета на плоштадот Македонија предизвика големи реакции на социјалните мрежи, по објавата дека тој заработил „дури“ 45 евра казна.

Фотографијата од казната ја објави градоначалникот Петре Шилегов, кој на Фејсбук посочи дека нема неказнивост во Скопје, заблагодарувајќи му се на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Спасовски пак, истакна став кој е во насока на реакциите во јавноста. Според него, треба да се размислува за подрастични казни за оние кои се однесуваат диво во сообраќајот.

„Имаме неодговорни граѓани кои се однесуваат бахато во такви услови. Важно е дека полицијата веднаш постапува. Не е доволна казната за возачот. Тука треба да се размислува, да има казни кои би биле подрастични. Не се времињата во кои некој така може да се однесува на плоштадот“, рече Спасовски.

loading...

Останати вести

Приведен државјанин на Албанија за фалсификувана возачка дозвола

admin

Царовска: Создаваме образование кое нé учи да живееме едни со други, а не едни покрај други

admin

Македонски ковид-калкулатор: Колкав е ризикот да се заразите на работните места?

admin