Американската музичка ѕвезда Бијонсе одлучила да донира по 5.000 долари за секое домаќинство кое се соочува со станбена криза поради пандемијата со која светот и понатаму се бори.
Семејствата можат да се пријават на нејзината веб-страница, а ќе биде помогнато на вкупно 100 од нив. Таа претходно помогна со неколку милиони долари за болниците и ковид-центрите, но овојпат реши да им помогне директно на луѓето кои се соочиле со станбена криза, односно нивните станови се под хипотека, членовите останале без работа, не можат да си дозволат кирија и така натаму.
Сите критериуми по кои ќе се прави изборот се наведени во апликациите за грант и важат само за САД.
loading...