Бројот на заразени во Македонија од почетокот на пандемијата се наближува до 100.000

Министерството за здравство за изминатото деноноќие ја објави следната статистика:

„Во последните 24 часа се направени 2.813 тестирања, а регистрирани се 509 нови случаи на ковид-19 во:

-Скопје 285
-Прилеп 37
-Кавадарци 29
-Охрид 24
-Велес 16
-Тетово 11
-Битола и Крива Паланка по 10
-Струга и Гевгелија по 9
-Куманово и Неготино по 8
-Кочани и Крушево по 7-Гостивар и Штип по 6
-Ресен, Делчево и Берово по 4
-Пробиштип, Кратово и Богданци по 3
-Свети Николе и Валандово по 2
-Струмица и Радовиш по 1

Починати се 9 лица, 4 пациенти од Скопје (71г, 66г, 63г, 55г) и по еден пациент од Охрид (67г), Куманово (68г), Кочани (85г), Делчево (61г), Демир Хисар (84г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Регистрирани се 354 оздравени пациенти од:

-Скопје 198
-Куманово 20
-Прилеп 18
-Кавадарци 17
-Тетово 14
-Гевгелија 11
-Велес и Струмица по 10
-Гостивар 8
-Неготино 6
-Крива Паланка 5
-Радовиш, Берово и Дојран по 4
-Штип, Ресен и Виница по 3
-Битола, Струга, Кочани, Валандово и Кратово по 2
-Кичево, Делчево, Пробиштип, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 506.378 тестирања на Ковид-19.Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 99.917, бројката на оздравени пациенти е 90.096, на починати е 3.085, а бројот на активни случаи изнесува 6.736.“

Наскоро се навршува една година од првиот регистриран случај на позитивно лице на коронавирус во Македонија. Оттогаш досега има 99.917 регистрирани случаи, односно бројката на регистрирани позитивни случаи, без разлика на исходот, изнесува близу 100.000 лица.

loading...

Останати вести

Испратено е барање за екстрадиција на Игор Спасов

admin

Вело Марковски обвинет за трговија со културно наследство

admin

Обложувалниците нема да служат пијалоци после 18 часот

admin