Бројот на заразени од сезонски грип опаднал за речиси 93 отсто

Мерките за заштита од коронавирусот се покажаа како целосен „погодок“ како мерки за заштита и од сезонскиот грип.

Според статистиките на Министерството за здравство, во сезоната 2020/2021 година вкупниот број заболени од сезонски грип изнесува 539, што е за 92,5 отсто помалку споредено со истиот период лани и 94,5 отсто помалку во однос на типичната сезонска крива.

Според соопштението на Министерството, најголемиот број заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението од 15 до 64 години (228 случаи), а највисок процент (на 100) се регистрира кај децата на возраст до четири години.

Во петтата недела од 2021 година, пријавени се 45 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, со што се бележи намалување во споредба со минатата сезона и со типичната сезонска крива.

Досега од сезонски грип вакцинирани се вкупно 39 488 лица, од кои 28 922 лица со бесплатна вакцина, додека пак 10 566 лица со комерцијалните вакцини.

loading...

Останати вести

МНР ја потврди смртта на дипломатката во ОН

admin

„Јавна соба“ повторно активна, ланскиот случај во застој

Elena Daskalova

(ВИДЕО) Мицкоски: 2021 година ќе е година на промени

admin