Бугарска пратеничка: На светот му стана јасно дека кирилицата е бугарска азбука

Пратеничката од партијата на Красимир Каракачанов, ВМРО-БНД, Мариа Цветкова, по прогласувањето од бугарска страна на 24 мај за „Ден на светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, образование и култура и на словенската литература“, вели дека Македонија и Бугарија се две држави, но еден народ.

„Никогаш не престанавме да и подаваме рака на Македонија. Бугарија ја призна независноста на Македонија пред 30 години со цел да добие независност од Југославија. Бугарија направи се што е можно за да можат другите земји да ја признаат. Со промената што ние од ВМРО и „Обединетите патриоти“ ја предложивме во Законот за работни на светот му стана јасно дека кирилицата е бугарска азбука. Со промена на словенското писмо со бугарско во името на празникот, ние му даваме тежина на бугарското писмо. Покажуваме дека кирилицата е основа на словенската литература“, вели таа.

Цветкова за ТВ Европа додаде и дека Бугарија нема да се откаже од делото на светите браќа Кирил и Методиј.

„Тие не беа присутни во формулацијата на празникот. За прв пат тие постојат во неа, затоа покажуваме почит кон нивната работа. Формулацијата помеѓу првото и второто читање се смени, благодарение на дискусиите со научниците и претставниците на Бугарската академија на науките“, рече Цветкова.

loading...

Останати вести

Британскиот сој на коронавирусот ги елиминира шаловите, визирите и марамите

admin

Бонева со 28 сведоци и 6.967 докази ќе се брани за патните трошоци од 6 ипол милиони денари

admin

Приведени двајца угостители во гостиварско, објектите им работеле по 18 часот

admin