Бучковски во посета на Софија

Специјалниот пратеник на Македонија за Бугарија, Владо Бучковски заминува на неколкудневна посета на Софија, каде треба да се сретне со повеќе бугарски политичари, а на маса најверојатно ќе биде ставен и анекс-договорот кој Бугарија ќе бара да биде потпишан од страна на двете земји.

Во меѓувреме, министрите за надворешни работи, Бујар Османи и Екатерина Захариева деновиве ќе разменат предлози за Акциски план за спроведување на Договорот за пријателство, кој во 2017 година го потпишаа премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов.

Сепак, останува непознато што има во предложениот анекс-договор, ниту пак дали тој ќе биде прифатлив за македонската страна.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера порача дека не можеме да ги гледаме соседите со истите очила од минатото и додаде дека единственото решение и формула за Бугарија е да се вратиме на начелото на Договорот, но и да се најдат механизми како да се направи побрз, подинамичен за да се создадат резултати.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ,пак, Христијан Мицкоски вчера порача дека министер од бугарската Влада потврдил дека постои Анекс од 12 точки на Договорот, кој според неговите информации е со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет.

loading...

Останати вести

Вицепремиерот Николовски позитивен на Ковид-19

admin

Новозаразени 32% од тестираните, починале 46 лица

admin

Осум години од „црниот понеделник“ во Собранието

admin