Вакцинирани се 1.274 здравствени работници, над 100 илјади пријавени за имунизација

Над 100.000 граѓани се пријавиле за имунизација, иако во Македонија досега имаат пристигнато единствено вакцините кои се донација од соседна Србија.

Според министерството за здравство, преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ 63.075 лица се пријавиле за вакцинација, а 39.003 преку матичниот лекар.

Бројката на здравствени работници кои ја примија фајзеровата вакцина е 1.274 лица, додека пак пријавени се 8.000 од оние кои секојдневно се во допир со ковид позитивните пациенти.

Министерството за здравство сѐ уште нема информација кога ќе пристигнат дополнителните вакцини, донација од Србија, откако претходно од најавените 8.000 дози, во Македонија пристигнаа 4.680 од вакцината на „Фајзер“.

Владата пак, посочи дека освен фајзеровата вакцина, земјата има нарачано и од кинеската, руската и британската вакцина против коронавирусот.

loading...

Останати вести

Нови 758 заразени и 26 починати од коронавирус за 24 часа

admin

Србија ќе им го зголеми работното време на кафулињата

admin

(ВИДЕО) Пендаровски со новогодишна порака: Доаѓаат подобри денови, ќе можеме да бидеме заедно, без страв

admin