(ВИДЕО) Заев: Велиме да за Европа, не за уцени врз македонскиот народ

На сите ни е јасно, дека до овој момент Европската Унија не постигна согласност за прифаќање на преговарачката рамка за нашата земја. Оваа неодговорна грешка е горчлива вест за целата наша нација. На овој ден, се слуша големото разочарување кај сите нас во една издишка, вели премиерот Зоран Заев во обраќање по бугарското вето.

„Бугарија стави вето, го прекрши Договорот за добрососедство и пријателство и со тоа застана на патот на нашата европска интеграција за која во повеќе наврати институциите на ЕУ и земјите-членки, вклучувајќи ја и Бугарија, потврдија дека целосно ги исполнуваме условите. Тоа не е европски начин. За жал, Бугарија не собра сила да се однесува европски. Бугарија дозволи, да испорача гест кој не покажува ни пријателство, ни братство“

Зоран Заев

Ставот на Бугарија, премиерот го оцени како целосно ирационален и навредлив за Македонците. Според Заев, не е европски, ниту демократски, во 21 век да му се каже на друг како да се чувствува, како да се самоопределува.

„Не е европски да му ја пишувате историјата на друг народ. Да му наметнувате идентитет на друг народ и да го убедувате дека треба да го прифати. За Северна Македонија, за македонскиот народ и за сите граѓани на нашата земја не се прифатливи овие услови. Затоа ние застанавме цврсто во одбрана на македонските национални интереси. Не дозволивме да се чепка во достоинството на македонскиот идентитет и во столбовите на идентитетот, а тоа се македонскиот народ и македонскиот јазик“

Зоран Заев

Тој посочи дека владата нема да дозволи ниту антифашистичкиот идентитет на Македонија да биде загрозен и да биде доведен во прашање. Заев посочува дека ние сме свои на своето и чисти пред себе и пред светот, како и дека знаеме кои сме и точно знаеме каде одиме.

„Точно знаеме за што смее, а за што не смее ниту да се преговара ниту да се разговара. Ние одбивме да преговараме за работи за кои не смее ни да се разговара! Преговори со ЕУ да, но не по цена на ревизија на македонскиот идентитет. Не под условите кои сега ги наметнува Бугарија. Ние велиме – ДА за Европа и велиме НЕ – за уцени врз македонскиот народ! И НЕ за уцени врз нашите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи и сите други„

Зоран Заев

Премиерот истакна дека Македонската држава е земја на пријателства и соживот. Вели дека како израз на историското паметење, стремежот за правда и неприкосновеноста на човековите права, сме знаеле и да простиме и да се извиниме во име на иднината, но никогаш не сме посегнале по туѓото.

loading...

Останати вести

Рама: Најлошото со пандемијата помина

admin

Заев: Никој нема вина за блокадата од Бугарија

admin

Една година без Коби: Ванеса му прости 105 неверства, љубовта им траеше до смрт…

Elena Daskalova