(ВИДЕО) Мицкоски: Лидерска средба веднаш, заеднички да ја градиме Македонија

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција изјави дека веднаш е потребна лидерска средба за да се разговара за актуелната политичка, здравствена, образовна, економска ситуација во земјава.

„Уште еднаш ја реактуелизирам потребата од лидерска средба веднаш. Лидерска средба на која ќе разговараме за актуелната политичка, здравствена, образовна, економска ситуација во нашата Македонија. Веднаш лидерска средба за да можеме понатаму заеднички да ја градиме нашата Македонија“

Христијан Мицкоски

Мицкоски се осврна на се она што направила Владата во изминатите 100 дена.

„100 дена Влада на постојани загуби, потенцира Мицкоски. Дополни дека „за 100 дена граѓаните добија вето на патот кон ЕУ, влеговме во економска рецесија, пропадна банка, втор Тат, афера тешка 200 милиони евра, поскапе електричната енергија, се загубија 1.400 животи поради отсуство на стратегија и акутна неспособност на здравството, неспособност да се менаџира со здравството“

Христијан Мицкоски
loading...

Останати вести

„Ивермектин“ од денска во аптеките

admin

Приведена прилепчанка во Скопје, полицијата и нашла пиштол со куршуми

admin

Кој стои зад „Сиа Виста“, новиот институт за испитување на јавното мислење?

admin