fbpx
Connect with us

Видео

(ВИДЕО) Мицотакис се изнервира на прашање за односот кон бегалците

Жестока дебата се отвори по средбата на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со премиерот на Холандија, Марк Руте откако холандска новинарка го обвини Мицотакис дека лаже за се тоа што се случува со бегалците во Грција.

„Премиере Мицотакис кога конечно ќе престанете да лажете? Да лажете за насилните враќања (push backs), да лажете за она што се случува со бегалците во Грција? Ве молам, не ја навредувате мојата, ниту интелигенцијата на сите новинарите од светот“, беше прашањето на новинарката, на што Мицотакис нервозно одговори дека нема да прифати обвинувања и навредувања во владината зграда.

„Разбирам дека во Холандија имате култура на поставување директни прашања до политичарите, нешто што многу го почитувам. Она што нема да го прифатам е во оваа канцеларија да ме навредувате мене или грчкиот народ со обвинувања и изрази кои не се засновани на материјални докази, во време кога оваа земја се соочува со миграциска криза со невиден интензитет и спаси стотици, ако не и илјадници луѓе на море“, одговори Мицотакис.

Новинарката Ингеборг Бугел, од грчкиот и холандскиот премиер побара одговори за мигрантското прашање и ситуацијата со бегалците.

„Наместо да ја обвинувате Грција, би требало да ги обвините оние кои систематски ја инструментализираат миграцијата, туркајќи ги луѓето во очајни ситуации од безбедна земја, затоа што морам да Ве потсетам дека луѓето кои се во Турција не се во опасност, нивните животи не се во опасност и треба да ги обвинувате другите, а не нас. Имаме строга, но праведна миграциска политика. Испитавме и дадовме право на заштита на 50.000 луѓе во Грција, вклучително и десетици илјади Авганистанци кои добија“, рече Мицотакис, чиј одговор беше прекинат од Бугел со ново прашање.

„Дали сте биле на Самос?“, праша Мицотакс, на што новинарката одговори дека била таму меѓу првите.

„Не, не сте биле на Самос“, рече Мицотакис.

„Да, сум била“, одговори новинарката.

„Видете, не може да доаѓате тука во овој објект и да ме навредувате. Дали сум јасен за ова? Ви одговарам и нема да ме прекинувате. Исто како што јас Ве слушав внимателно. Ако отидете на Самос ќе видите одличен центар, одлични услови“, рече изнервираниот Мицотакис.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement