ВИДЕО: Роналдо и Георгина голи во базен слават роденден во забранет регион во Италија

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез се под истрага од страна на италијанската полиција за евентуално кршење на ковид протоколите, откако протече видео на кое се гледа дека тој го посетил ризичниот регион Вале д’Аоста на северозападот на Италија.

Италијанската агенција АНСА јавува дека полицијата потврдила дека во тек е истрага за дводневниот престој на Роналдо и неговата девојка Георгина Родригез, во вторникот и средата, во алпското гратче Курмајер, близу границата со Франција.

Како доказ се наведуваат снимките на кои се гледа како двајцата седат на моторни санки, прославувајќи го 27-от роденден на Родригез, но и една на која се гледа како се опуштаат голи во базен со топла вода на отворено.

Во Италија на сила е забрана за патување во регионите кои се во „портокалова зона“ поради епидемијата со коронавирусот. Ако се докаже дека Роналдо патувал во ризичниот регион го очекува висока парична казна.

loading...

Останати вести

Милан останува на лидерското место во Серија А

admin

Левандовски е спортистот на годината

admin

Елмас и Алиоски ќе играат во исти клуб?

admin