Многупати сме биле сведоци дека некои врски прекинале, само за по некој период повторно да заживеат, па дури и посилни од претходно. Сепак, многумина воопшто не би дале уште една шанса на поранешен партнер.
Знаејќи дека периодот по раскинување може да биде пеколен, дури и за оној кој раскинал, многу лица се враќаат токму тогаш кај поранешниот партнер. Некогаш ваквото однесување е сосема оправдано, што дури и може да се каже дека вреди да дадете уште една шанса, но само ако:
- Причината за раскинување не била сериозна
Секоја причина којашто не е поврзано со неверство, изгубена доверба или насилство, заслужува да биде размислена уште еднаш. Ви пречела некоја карактеристика или однесување? Или пак лошо сфатена шега? Изладете ја главата и двајцата и поразговарајте. Тогаш ќе видите дали врската заслужува уште една шанса.
- Раскинавте цивилизирано
Според некое непишано правило, врските кои завршиле цивилизирано, може и да се обноват. Со самото тоа што сте седнале двајцата и сте разговарале очи во очи, вие сте покажале меѓусебна почит кон односот кој го имате. Но, доколку сте раскинале со СМС-порака, телефонски повик, агресивни испади, навреди и повишување глас, тогаш на смирувањето не треба ни да помислувате.
- Немало навредливо однесување од која било страна
Некогаш, однесувањето на еден од партнерите ги намалува шансите за смирување. Иако во целиот тој емоционален хаос и страдање е нормално да влегувате од врска во врска и да бидете гледани со друштво од спротивниот пол, ако сакате помирување, контролирајте го своето однесување.
- И понатаму постои емоционална поврзаност
Колку подобро сте се познавале еден со друг, толку поверојатно е дека во даден момент ќе почнете да си недостигате. А кога и двајцата партнери си недостигаат еден на друг, тогаш обновувањето на врската е логична акција. Но, доволно е само еден од вас да не го чувствува ова, за сите обиди за смирување да пропаднат во вода.
- Можноста за простување
Меѓусебното простување е многу важно кога сакате да обновите некој однос. Во таков случај, треба да ја затворите „црната тетратка“ со сите грешки на партнерот и да не го вадите минатото „низ нос“ секогаш кога ќе дојде и до најмала кавга.