Вучиќ: Домашните ме пислушуваат, тоа е обид за државен удар

Спрскиот претседател Александар Вучиќ тврди дека бил прислушуван повеќе од една година и знаел за тоа, како и „дека работеле домашните, а надлежните органи ќе утврдат дали се поврзани со странци“, истакнувајќи дека прислушувањето е директен обид за државен удар.

„Има само една мета, тоа е Александар Вучиќ и сите што се осмелуваат јавно да го поддржат“, рече Вучиќ за ТВ Пинк.

Тој вели дека од 2014 година трае кампања со која од неговото семејство се обидува да се направи копија на семејството на Слободан Милошевиќ.

„Сето тоа е засновано на апсолутни лаги – тие почнаа со приказни дека мојот брат е сопственик на ресторанот Франш, дека поседува хектари земја во Војводина, а потоа почнаа со постариот син. Срцето ме боли за она што им го направив на Данило и Милица, што се занимавам со политика, што станаа мета на службите“, рече Вучиќ.

loading...

Останати вести

Путин си потпиша доживотна функција

admin

Бугарски медиум: Споредбата на Захариева на Тито и Хитлер – кандидат за „најглупава изјава на годината“

admin

Приведен маж од Кочани, пронајдени над 600 пиротехнички средства

admin