Откако обелодени дека го прислушуваат, српскиот претседател Александар Вучиќ во интервју за српски Курир посочи дека знае кој стои зад таа акцја и дека за тоа е потребна итна и темелна истрага.
Вучиќ вели дека е прислушуван година и пол, како и дека имал докази за тврдењето – сопствени снимени разговори. Според него, прислушувањето на претседател на една држава е тешко кривично дело и претставува обид за уривање на уставниот поредок. Додава дека тоа е државен удар, па затоа мора да има епилог на таа приказна.
„Знам дека сум прислушуван и имам докази. Имам сопствени снимени разговори, затоа што некои мислеа дека може да го избришат или да го скријат тоа. Верувам дека надлежните органи ќе го испитаат тоа и доколку има недвосмислено кршење на законот, тие кои го сториле тоа, кривично ќе одговараат“, рече Вучиќ за српскиот весник Курир.