Вучиќ: Немаме друга намера освен да помогнеме на македонскиот народ

Среќен сум што го направивме ова, но имавме многу проблеми поради тешките процедури. Благодарен сум што Фајзер ни дозволи да го направиме тоа. Благодарен и среќен сум што можеме да помогнеме на браќата од Северна Македонија. Србија нема никаква интенција освен да покажеме пријателство кон македонскиот народ, а со цел да расте и економскиот напредок, рече српскиот претседател Александар Вучиќ на примопредавањето на донацијата од 4.680 вакцини за Македонија.

„Нас не не интересира друго освен да напредува нашето пријателство и да живееме не само како најдобри соседи, туку како најдобри пријатели. Ова е обичен подарок за кој сме сигурни дека ако и ние сме имале потреба, вие би ни помогнале. Сметаме дека не можеме да бидеме задоволни ако и соседот не ние задоволен. Вистинскиот пријател е оној кој ќе ви се најде во тешки моменти, а не само кога е убаво. Верувам дека оваа количина ќе биде доволна за оние кои е најпотребна, лекарите во црвените зони на ковид центрите“, рече Вучиќ.

Тој рече дека верува дека низ мини шенгенот ќе може да се оди само кон приближување на двете земји и двата народа, а се надева и на поголема соработка со цел економски раст како во Србија, така и во Македонија.

Вучиќ се заблагодари и на премиерот Зоран Заев, за кој рече дека се борел со сите сили да добие вакцини за својот народ.

„Ние имаме договор со Фајзер кога нарачвме голема доза вакцини. Тие во договорот напишаа дека немаме право да отуѓуваме вакцини. Ние немаме право да донесеме некои други вакцини. Поднесовме посбени гаранции кон Фајзер дека ќе ги транспортираме вакцините онака како што тие ќе ги донесат. Мене денеска ни малку не ми одговараше да ги дојдам, но се слушнавме синоќа со премиерот Заев и рековме ајде да ја завршиме таа работа денеска, па дојдовме и двајцата“, реќе Вучиќ.

loading...

Останати вести

Продолжува расправата за пописот

admin

Нов обемен и катастрофален извештај за Охрид на УНЕСКО

admin

Јорданов: Во Штип беа спроведени мафијашки избори

admin