Дали мачката смее да јаде свежо месо?

Мачките се многу едноставни миленици за во домот. Во поголемиот дел од времето умеат самите да се забавуваат и сè е во ред, додека нивната чинија со храна е доволно полна, за да можат да јадат кога и да посакаат.

Некои мачки имаат мерка и јадат онолку колку им е потребно, но има и такви кои се прејадуваат. На пазарот има многу различни видови храна за мачки и изборот е толку тежок, што некои сопственици се одлучуваат дека е подобро своите миленици да ги хранат со свежо месо.

Сепак, според ветеринарите, ова и не е најдобар избор за исхрана на вашата мачка, дури може и да биде многу опасен. Причината за тоа е што во свежото месо може да се најдат миркоорганизми, тении, па дури и опасната токсоплазма, која мачките подоцна лесно може да ја пренесат на сопствениците. Мачките во природата, особено големите видови сигурно не го јадат своето месо зготвено, но со припитомувањето и нивното чување дома, еден еволутивен процес е целосно изменет, така што за да го заштитите своето милениче и да го имате што подолго, препорачливо е да не го храните со свежо месо.

Некои мачки воопшто не ни јадат никакво месо, освен специјалната храна наменета за нив. Таквиот избор, секако, е можеби најдобриот, бидејќи квалитетните производи се со одлично избалансирани нутритивни состојки, прилагодени на организмот на домашните мачки и нивниот дигестивен систем.

loading...

Останати вести

Светот се соочува со недостиг на чипови за смартфони и лаптопи

admin

ДАЛИ ЗНАЕВТЕ? Зошто на врвот на елката се става ѕвезда?

Elena Daskalova

Може ли чајот од камилица да биде штетен за вас?

Elena Daskalova