Денеска е 6 јануари, според јулијанскиот календар Бадник, ден пред Божик, кога се навестува големиот ден – Христовото раѓање. Со Бадниковата вечера се завршуваат божикните пости.
Зборот Бадник веројатно доаѓа од старословенски – да бидеш буден, односно „будник“, како симбол на бдеењето и чекањето на раѓањето на Христос. Во многу традиции не постои јасна дистинкција помеѓу верските ритуали и народските обичаи, а постојат и пагански елементи во целосниот обред.
Во различни делови од Македонија се негуваат различни обичаи, меѓу кои и берење Бадникови гранчиња, делење леб со паричка во семејството, посна трпеза, коледарски песни, и така натаму.
Во секој случај, без разлика од кој крај доаѓате, важи познатата: „За Бадник и Божик каде и да си – дома да си“.
Среќни празници.