Денеска е Благовештение – Благовец

Според календарот на Македонската православна црква, денеска се прославува празникот Благовештение, познат народски како Благовец.

Празникот Благовештение е еден од најголемите празници на Христовата Црква. Тоа е момент кога се слави веста за повторното воспоставување на единството на Бога и човекот. Момент кога пред нас повторно се отвораат еднаш затворените врати на вечниот и блажен живот. Празникот е конкретно поврзан со оној настан кога архангелот Гаврил и ја соопшти веста на девојката Марија дека ќе зачне со силата на Светиот Дух и ќе го роди Христос, исцелителот и спасителот на човештвото, кој повторно ќе ја отвори можноста за вечен живот во постојана заедница со Бога, можност што човекот ја изгуби кога наместо Бога го одбра гревот и наместо животот – смртта.

Со Благовец е поврзано и доаѓањето на птиците преселници штркот, ластовицата, кукавицата, пупунецот и други. Се верува дека тие ќе дојдат на овој ден дури и да врне снег. Исто така, се верува дека ако наутро гладен како што се вели на гладно срце слушнеш некоја од овие птици ќе те разбие и не ќе имаш напредок во годината. Затоа луѓето веднаш по станувањето каснувале барем еден залак леб. На Благовец саделе тикви зошто верувале дека тиквите садени на овој ден ќе бидат многу благи. Во некои краишта, овој ден се поврзува со излегувањето на змиите од дупките при што се верува дека змиите никогаш не касаат на Благовец.

На овој ден именден слават носителите на имињата Благој и варијациите, како и женските имиња Благица, Благојка, Благородна…

loading...

Останати вести

Левица побара Уставниот суд да ја укине функцијата „прв вицепремиер“

admin

Бонева со 28 сведоци и 6.967 докази ќе се брани за патните трошоци од 6 ипол милиони денари

admin

Британскиот сој на коронавирусот ги елиминира шаловите, визирите и марамите

admin