Една година без Коби: Ванеса му прости 105 неверства, љубовта им траеше до смрт…

Минатата година на 26 јануари светот беше шокиран кога се дозна веста за смртта на НБА-легендата Коби Брајант, кој загина во хеликоптерска несреќа со ќерка си Џиџи и уште седум патници.

За леговото наследство и понатаму се грижи неутешната сопруга Ванеса, како и трите ќерки. Нивната љубовна приказна многу одамна ја запроси 18-годишната Ванеса Лејн, која била танчерка додека тој го снимал рап-албумот, кој никогаш не беше издаден. Се запознале кога таа имала 17, а Коби 21 година.

Неговите родители не ја одобрувале оваа врска, па затоа не ни присуствувале на свадбата. Сепак, семејството се смирило кога се родила првата ќерка, Наталија. По еден спонтан абортус, ја добија и Џијана, односно Џиџи, а потоа долго се зборуваше за нивниот наводен развод, до кој никогаш не дојде. Две години откако беше поднесено, барањето беше повлечено, а парот повторно ја обнови врската.

Наводно, таа му простила и за 105 неверства, па дури и за обвинението за сексуален напад, за кое се докажало дека всушност имало согласност од двете страни. Во прес-конференција за јавноста, Ванеса седеше до него, а Коби призна дека секогаш ја сакал и дека се кае за своите постапки.

Само неколку месеци пред неговата смрт, тие прославија 20 години брак, а на објавите на социјалните мрежи кошаркарот напиша: „Засекогаш ќе те сакам, мамасита“, без никој да може да замисли дека тоа „засекогаш“ всушност ќе дојде многу скоро.

loading...

Останати вести

Завршува училишниот распуст

admin

ВМРО-ДПМНЕ закажа и вонреден и редовен конгрес?

admin

Што сè треба да знаете за Телеграм како апликација?

Elena Daskalova