Елмас и Алиоски ќе играат во исти клуб?

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас најверојатно ќе го напушти Наполи во текот на зимскиот преоден рок и ќе се префрли во некој друг клуб.

Засега, најзаинтересиран за Елмас е клубот каде што игра Џани Алиоски, премиерлигашот Лидс. Како што објавија дел од италијанските медиуми, клубот еднаш веќе испратил понуда за Елмас вредна 23 милиони фунти, но газдата на Наполи, Аурелио де Лаурентис, експресно ја одбил понудата.

Сега се очекува премиерлигашот да испрати нова поголема понуда, а се шпекулира дека клубот од Неапол би попуштил само доколку станува збор за сума од над 30 милиони евра.

Освен Лидс, како можни следни дестинации на Елмас се спомнуваат и Борусија Дортмунд, Борусија Менхенгладбах, Ред Бул Лајпциг, како и Бенфика.

loading...

Останати вести

Агуеро ќе биде резерва во дербито против Јунајтед

admin

ВИДЕО: Роналдо и Георгина голи во базен слават роденден во забранет регион во Италија

admin

Милан останува на лидерското место во Серија А

admin