Заев: Го ослободивме патот до кој денес дојде правдата

Правосудниот систем е независна власт и денеска гледаме дека ги има сите околности да спроведуваат истрага без влијание и да организира обвинителска и судска постапка во која важат само доказите и одредбите за фер и правично судење, за секој без исклучок, објави денеска премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил по пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“.

„Го ослободивме патот по кој денес дојде правдата. Граѓаните, државата, институциите и системот – тоа сме ние. Сите ние, секој од нас денес може да има повеќе мир за себе, во себе. Бидејќи, кога има правда има и мир“, пишува Заев на фесбук.

Според премиерот, тоа е начинот на кој треба да бидат спроведени и довршени сите предмети за организиран криминал и против Уставот и достоинството на граѓаните.

„Времето на неказнивост и на привилегии на криминалните актери го оставаме во историјата“, порача Заев.

loading...

Останати вести

ЕМИ бара навремено отворање на пристапните преговори со Македонија

admin

Заев: Ќе се декриминализира канабисот за лична употреба

admin

Утре почнува вакцинацијата против коронавирус во земјите на ЕУ

admin