Заев за Мијалков: Го притиснавме, немаше друг избор освен да се предаде

Сашо Мијалков немаше друг избор и го стори она што мораше – се предаде на органите за прогон, рече премиерот Зоран Заев на прес конференција, посочувајќи дека акцијата со која тој раководел не му дала простор на ексдирекоторот на УБК да избега надвор од Македонија.

„Неговото пријавување во обвинителството не треба да се смета за олеснителна околност затоа што Мијалков избега, односно не беше достапен на органите за прогон. Јас, Зоран Заев, ве гледам во очи и ви кажувам, компромис со правдата нема. Ако си грешел, ќе одговараш“, рече Заев.

Според премиерот, инструкциите кои утрово биле дадени во акцијата со која тој раководел дале доприност. Тој посочи дека имало полиција на сите излези од Скопје, бил блокиран имотот на неговите најблиски, како и имало жолта лента на хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје.

„Евентуалните помагачи, логично е да бидат членовите на семејството и неговото обезбедување. Тоа што го немало, не бил достапен на телефоните, а семејството кажало дека не знаат каде е бегство. Треба да одговараат и оние кои се обиделе да му помогнат. Денеска чукнавме на маса и институциите покажаа капацитет. Самите институции нападнаа по неговите блиски, обезбедувањето и дојдоа неговите адвокати, а потоа се појави и тој. Тоа е принуда самиот да се појави“, додаде Заев.

Според премиерот, истрагата треба да покаже зошто не бил најден и кој бил доушникот кој му кажал дека е побарана мерка притвор за првообвинетиот во случајот „Таргет – Тврдина“, додавајќи дека институциите научиле од бегството на осудениот експремиер Никола Гуревски.

„Суштината е системот да се организира и да го спречи обидот за криење и бегање. Се случуваат пресуди за сите постапки од СЈО. Проблемот е во тоа што ни избега Груевски и нема да се откажеме додека не го најдеме. Системот учи и почна да функционира. Слабостите во постапките се школо за самите институции, но и за нас кои управуваме со институциите. Гуревски имаше помош од друга држава, која му даде азил. Овојпат имавме полиција на излезите од Скопје, беа затворени сите граници, имаше полиција на зелените појаси кај Куманово и на влезот кон Косово, дефенитивно системот научи. Ова е успешно завршен случај од страна на државата“, истакна Заев.

Според него, еден човек може да и се крие 40 часа на државата, но власта покажала дека бегалецот мора да знае дека си го става во опасност семејството.

„Мојата температура веројатно беше 40 степени откако го снема, не неговата. Сите бевме фокусирани, затоа излегувам на прес конференција со министрите за внатрешни работи и за правда. Се знаеше точно каде е до моментот кога влегува во својот дом на улицата Тодор Александров, потоа излегува од некој влез и му се губи трагата. Системот е извршната власт со сите свои институции и судот. Јас реков дека ќе барам одговорност доколку некој направил пропуст. Очекувам истрагата да покаже дали има одговорност. Имавме успешна акција денеска. Јас уште еднаш повторувам, ако има пропуст ќе барам одговорност, за да не се повтори никогаш повеќе. Системот може да функционира ако сите заедно се посветиме. Овој случај се реши, но мора да истражиме до крај, зошто само така се зајакнува државата и само така е исправно“, вели Заев.

loading...

Останати вести

Вработени од АВРМ нелегално „штанцале“ дозволи за работа за странци

Elena Daskalova

Северна Кореја бара вакцини против коронавирус иако нема пријавено активни случаи

admin

Локализиран пожарот во Глобал, го зафатил и третиот кат

admin