Заев: Причината зошто немаме вакцини е дефицитот, имаме договр со Фајзер и Синофарм

Оваа солидарност и поддршка е израз на традицијата во регионот, а тоа е првата рака на помош да се подаде кон соседите. Овој чин ги зацврствуа и им дава светла перспектива на односите помеѓу Србија и Северна Македонија кои се традиционално пријателски, рече премиерот Зоран Заев на примопредавањето на донацијата од 4.680 вакцини.

Тој се заблагодари до пратениците Иван Сотилковиќ и Мирослав Јовановиќ, пратеници од српска националност во македонското собрание, кои како што рече, имаат активен придонес за зајакнување на односите меѓу двете земји.

„Овие вакцини ќе влезат во акцискиот план на Министерството за здравство кој постојано ќе се ажурира во однос на типот на вакцините кои пристигнуваат во земјата. Денеска сите ние сме дел од овој настан кој го покажува пријателството на дело. Уште еднаш им благодарам на српскиот народ, претседателот Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ што го помагаат нашиот народ и нашето јавно здравје. Повикувам на сечиј придонес за да биде мир на балканите“, рече Заев.

Премиерот посочи дека е многу важно што првите дози пристигнуваат од братска Србија, со што ќе се покријат сите лекари во земјата.

„На 24-ти со претседателот Вучиќ и премиерот Рама ќе потпишеме договр за соработка во повеќе области, нешто што треба нашите народи да го знаат. Ова што го правиме, Србија, Северна Македонија и Албанија е чин на соработка која е унапредување. Отворени се вратите за сите и верувам дека многу брзо ќе се приклучат. Европската Унија очекуваме многу брзо да ги испрати вакцините за солидарност, а причините се недостаток на вакцини. Во ваков недостаток, српскиот народ одвојува од своите вакцини и дава на македонскиот народ. Ова е чин кој нема да го заборавиме“, рече Заев.

Тој нагласи дека земјата прави напори, а има скучени договри со Фајзер и Синофарм од Кина, а причината зошто немаме вакцини е дефицитот во целиот свет.

Српскиот претседател Александар Вучиќ пак, посочи дека премиерот Зоран Заев бил најбрз во барањето за донација, па затоа и нашата земја добила донација од Србија, завршувајќи со максимата „Да живее пријателството помеѓу Србија и Северна Македонија“.

loading...

Останати вести

Кој стои зад „Сиа Виста“, новиот институт за испитување на јавното мислење?

admin

Нелоски: Членови на УМС учествуваа, ама не ги организиравме протестите „За заедничка Македонија“

admin

МНР ја потврди смртта на дипломатката во ОН

admin