Захариева: Бугарија сака дела, не ни се доволни само зборови

Повеќе не се доволни само зборови, Букарија сака дела. Подготвени сме да работиме, да најдеме решение за надминување на оваа акумулирана недоверба и да бидеме вистински членки на европското семејство, изјави бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, по разговорите со специјалниот претставник на македонската влада за Бугарија, Владо Бучковски.

„Ги продолжуваме разговорите за изнаоѓање решение за преостанатите билатерални прашања со Република Македонија, како и изнаоѓање излез за патот на Македонија кон преговарачката рамка за нејзино членство во ЕУ. Погрешно е ова да се нарекува вето, бидејќи станува збор за неодобрување на преговарачката рамка. Ние сме во деликатна фаза од нашите односи, изјави Захариева на заедничката прес-конференција со Бучковски по нивната средба“

Екатерина Захариева

Таа вели дека Бугарија не ставила вето, зато што вчера на министерскиот совет, како што посочи, воопшто не се расправало за проширувањето. Според Захариева, бугарската позиција е јасна, бараат гаранции за нивните нови барања: исполнување на Договорот за добрососедство, патоказ за негово спроведување, декларација дека нема претензии за македонско малцинство и употреба на јазикот според Договорот од 2017 година.

Според бугарската министерка, постои разочараност на двете страни, поради неодобрувањето на преговарачката рамка и повика работата на заедничката македонско-бугарска комисијата историски и образовни прашања да не се користи за политички цели. Таа нагласи дека бугарската позиција за неодобрување на преговарачката рамка се должи на, како што рече, неспроведуваењето на Договорот за добрососедство од 2017 година.

„Ги предупредуваме нашите соседите за ова веќе година и половина. Тие се неколку работи. Блокирање и политизација на работата на Комиисијата за историски и образовни прашања, административни пречки за бугарскиот бизнис, неофицијална поддршка на поединци и организации со тврдења за посотење на македонско малцинство во Бугарија и недостиг на напредок, односно значително одложување на Коридорот 8“

Екатерина Захариева

Бугарската министерка за надворешни работи вели дека Скопје и Софија покажале оти може да имаат добра координација за време на копретседавањето со Берлинскиот процес и треба да се искористи тоа искуство за враќање на загубената доверба чекор по чекор и за „запрање деструктивниот пристап“.

„Видливо е до каде се стигна со антибугарската кампања, обидите да се дискредитира Бугарија во сите организации, тврдењето дека ставање вето или дека поради нас и Албанија ќе биде запрена и други невистинити работи. Секако ова не помага, но го попречува градењето доверба. Оваа стратегија е неприфатлива за нас, но исто така непродуктивна, убедена сум дека само добронамерниот пристап ќе доведе до надминување на акумулираната недоверба. Ние навистина ви пружиме рака да најдеме решенија кои се заемно прифатливи и трајни и да го отворите патот за нови односи“

Екатерина Захариева

Таа нагласи дека изградбата на довербата им дала сила на премиерите Зоран Заев и Бојко Борисов да преговараата и да го потпишат Договорот за добрососедство.

„Се надевам, господине Бучковски, дека работите за кои разговаравме денеска ќе бидат вреднувани и ќе најдеме начин да го направиме заедно она што преостанува. Кога сакате да станете членка на едно семејство, апсурдно е да сакате да се зачлените, а единствена задача е да ви биде дискредитирање на членовите на тоа семејство. Целта на проширувањето е да се направи ЕУ посилна, а не послаба“

Екатерина Захариева
loading...

Останати вести

МФ: Со Стратегијата за јавниот долг се дефинираат лимити за висината и структурата на долгот

admin

Почна пријавувањето за вакцинација во Македонија

admin

Затворени два угостителски објекта во Гостивар заради непочитување на мерките против коронавирусот

admin