За многумина медот е здрав, но за некои луѓе може да биде опасен

Во многу рецепти за домашни лекови или за природни маски за лице и коса медот е клучна состојка, а во нашата традиција е да го користиме секогаш кога ќе забележиме знаци на настинка или за подобрување на имунитетот.

Сепак, некои луѓе, за жал, се алергични на медот и општо на пчелините производи. Се работи на алерген со висок ризик и додека за едни е благодет, на други луѓе може да им го загрози животот, предизвикувајќи гушење, кашлање, анафилактичен шок, па дури и смртен исход. Овие лица најчесто не смеат да го користат ниту надворешно, ниту како состојка на козметички препарати.

Оние кои страдаат од астма имаат поголема веројатност да се алергични, па затоа астматичарите не смеат да го земаат како превентива за настинки. Кај алергичните може да се појават и црвенила и акни на кожата како реакција на имунитетот против алергенот.

Доколку забележите дека консумирањето мед не ви помага, туку напротив, ги влошува вашите симптоми, тогаш очигледно е дека треба да го исклучите целосно од вашата исхрана.

loading...

Останати вести

Може ли чајот од камилица да биде штетен за вас?

Elena Daskalova

Што се треба да знаете за ХПВ?

Elena Daskalova

Три нешта кои предизвикуваат анксиозност

Elena Daskalova