За празниците подгответе Панетоне, познат новогодишен колач (РЕЦЕПТ)

Панетоне е традиционален италијански колач, кој се подготвува за новогодишните и божикните празници. Во продолжение е основниот рецепт, но секако, можете додатоците да ги менувате според вашиот вкус.

Состојки:

80 мл млеко
140 гр шеќер
Половина кесичка сув квасец
450 гр бело брашно
4 јајца
170 гр путер
Една лажичка прашок за пециво
Една лажичка сол
3 жолчки
Еден ванилин шеќер
Малку рендана кора од лимон
100 гр суво грозје
100 гр мешано кандирано овошје по вкус
Сецкани јатки

Подготовка:

Во млако млеко додадете лажичка шеќер и стопете го квасецот. Додадете уште 100 гр брашно, измешајте и оставете на топло место да стаса. После еден час, додадете уште 180 гр брашно и 2 цели јајца и замесете тесто. Во тестото ставете 60 гр путер (омекнат на собна температура), замотајте го во фолија и оставете да стаса уште 2 часа на собна температура.

Во тестото додадете го преостанатото брашно измешано со пециво и сол, двете јајца, жолчките, останатиот путер, па откако ќе ги соедините состојките, додадете го шеќерот, ванилата, кората од лимон, како и овошјето и јатките. Тестото повторно треба да стаса уште два часа. Можете да печете во калап за Панетоне или во помала тава за печење. Повторно оставете да стаса во калапот и потоа печете во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути и уште 15 минути на 180 степени. Покријте со хартија за печење, намалете ја рерната на 170 степени и допечете го уште 20 минути.

Кога ќе се излади, посипете го со шеќер во прав.

loading...

Останати вести

Која е симболиката на 12.12.2020?

Elena Daskalova

Кое е значењето на вториот ден Божиќ?

Elena Daskalova

Дали знаете каков бил оригиналниот рецепт за руска салата?

Elena Daskalova