За три дена запленети близу 55 илјади пиротехнички средства

Министерстово за внатрешни работи во акција за фаќање на продавачи на пиротехнички средства – За само неколку дена се запленети речиси 55.000 пиротехнички средства од неколку градови низ Македонија.

Најголемата заплена се случи во неделата, кога во објект на улица Илинденска во Тетово, сопственост на лицето С. М. (41) од М.Речица Тетово пронајдени му се и одземени 27.594 парчиња разни пиротехнички средства, а уапсен е и сопственикот на објектот.

Само во текот на вчерашниот ден, МВР заплени вкупно 18.549 пиротехнички средства, од кои најмногу, 15.000 во возило „мерцедес“ без регистарски, сопственост на 24. годишниот З.К., кој бил приведен.

Одземени биле и 886 пиротехнички средства од битолчанец, кој пеш ја минувал границата во Делчево, а пиротехниката била најдени при преглед на неговиот багаж. Приведен бил и жител на Кочани, во чиј дом полицијата нашла над 600 парчиња пиротехнички средства, додека пак кај 35 годишен жител на Куманово вчера на 10 минути до 17 часот биле најдени и одземени 2059 парчиња пиротехнички средства.

Полицијата оваа акција ќе ја продолжи и деновиве, а со цел мирен пречек на новата 2021 година и без недозволиви пиротехнички средства, кои иако недозволиви, се лесно достапни за сите граѓани.

loading...

Останати вести

Влада: Остануваме посветени на евроинтеграцијата

admin

Се намалува бројот на новозаразени и позитивни во Македонија

admin

Нови 129 случаи на ковид-19, оздравени се 1122 лица

admin