fbpx
Connect with us

Магазин

Зошто концептот на криптовалутите е несфатлив за голем дел од луѓето?

Иако постојат повеќе од 10 години, криптовалутите не се општоприфатен концепт и се уште традиционалниот финансиски и банкарски систем е далеку над нив.

Начинот на кој се доаѓа до нив не е нешто што може да се научи во училиште, бидејќи во многу делови од светот се уште се сметаат за неетички начин на богатење. Секако и генерацискиот јаз игра огромна улога, бидејќи на помладите луѓе им е полесно да ги сфатат начините на кои се минира или тргува со криптовалути, отколку на повозрасната популација.

Специфични одговори на прашањата околу криптовалутите не може да се дадат теоретски, бидејќи како и секој друг концепт, практичните знаења се оние кои вредат. Но, останува појавата дека многу луѓе немаат доверба во ваквите финансии од причини што:

Не се сигурни околу нивната легалност

Во неколку земји во светот, вклучувајќи ја и Македонија, криптовалутите не се законски регулирани и се практично забранети. А она што е забрането со закон, иако е интересно, влева и одредена доза на страв кај луѓето.

Не може да се поседуваат физички

Секако, не постои монета или банкнота која може да ја држиме во рака и да речеме дека поседуваме Биткоин или Етериум. Но, од друга страна, физичките дигитални паричници се начин практично да ги имаме во џеб криптовалутите.

Стандардниот банкарски систем е подоверлив

Ова е исто така дискутабилно, бидејќи довербата потекнува токму од физичкото постоење на долари, денари, евра, јени, круни, франци и сите други валути. Потребно е време на адаптација, особено кога нешто е ново и не влева многу доверба.

Несигурноста е таа која „убива“

И самите сме сведоци како вредноста на една валута се менува секој ден. Нормално е што многу луѓе не веруваат во нешто што еден ден вреди 50.000, а веќе следниот ден 42.000 долари, но по една недела е 53.000. Изгледа многу збунувачки, па затоа дури и оние кои покажуваат мал интерес, одлучуваат сепак да се повлечат од идејата.

Оние кои се активен дел од овој пазар веќе имаат предзнаења и можат лесно да бидат во тек со промените кои се случуваат. За некого криптовалутите се нова шанса, а за други се нешто од кое треба да стојат што подалеку. Ние имаме целосно разбирање и за двете страни.

loading...
Continue Reading
Click to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Advertisement
Advertisement