Изречена првата доживотна пресуда во Прилеп и прилепско

Минатогодишното двојно убиство во Прилеп доби судска разрешница. На убиецот му е одредена доживотна казна затвор за убиството на неговата поранешна сопруга и нејзината мајка.

Лани во јануари 52-годишниот прилепчанец изврши двојно убиство и тешко рани едно лице, а пресудата донесена вчера е за сторени четири кривични дела: едно за убиство, две за обид за убиство и за семејно насилство. Со психијатриско вештачење, судот утврдил дека бил пресметлив кога ги извршувал тешките кривични дела. 

Според портпаролот на Основниот суд Прилеп, Жарко Велевски, ова е прва доживотна казна изречена во градот. 

Оваа трагедија се случи лани во јануари, кога обвинетиот, а сега осуден Никола Петрески, пред очите на малолетниот син ги убил мајката и бабата, додека вујкото тешко го ранил. Детето денес е со роднини на мајката и е под постојан надзор на тамошниот Центар за социјална работа. 

loading...

Останати вести

Македонски ковид-калкулатор: Колкав е ризикот да се заразите на работните места?

admin

Жена го кршела владиниот автомобил кој го користи Груби

admin

Мицкоски: Викаа имало режим, пола од таа влада сега се во оваа влада

admin