Иницијаторите за вонреден Конгрес го повикаа Мицкоски да се соочи со делегатите на 28 март

Иницијативниот одбор за свикување на вонреден Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ го повика актуелниот лидер на опозициската партија, Христијан Мицкоски да се појави пред делегатите на 28 март и да даде отчет за сработеното доколку смета дека ја има поддшката од мнозиството членови.

„Вонредниот 17 Конгрес закажан на 28 март во Скопје е добра можност за да се отвори поширока дискусија за проблемите со кои се соочуваше партијата и да се зборува за иднината на ВМРО-ДПМНЕ. Вонредниот Конгрес е добра можност за сплотување на партијата и промени кои ќе донесат нова енергија. На партијата не и треба лидер кој бега од сите круцијални одлуки“, велат од одборот.

Од таму посочуваат дека на ВМРО-ДПМНЕ не му треба лидер кој се плаши да се соочи со своите сопартијци кои го избрале.

„Доколку сѐ уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски смета дека добро ја извршувал функцијата која му ја делегираа членовите на валандовскиот конгрес, тогаш треба да одвои еден ден и да се соочи со нив“, стои во соопштението.

loading...

Останати вести

Српскиот епидемиолог Кон по вакцинацијата: Се чувствувам целосно нормално

admin

(ВИДЕО) Николовски: Владата отвори фронт во битката против корупцијата

admin

Анекс на Договорот со ТАВ, парите се пренаменуваат за 99 проекти за 75 општини

admin