Интегрални тестенини со домати и рикота

Доколку сакате да се откажете од белото брашно, интегралните тестенини се одличен избор како замена за обичните. Комбинацијава е добра и доколку сакате полесна храна во празничниот период.

Рецептот за подготовка е многу едноставен.

Потребни состојки:

маслиново масло
неколку гранчиња мајчина душичка
4 чешниња лук
една чили пиперка
еден лимон
500 грама шери домати
250 грама рикота
320 грама интегрални шпагети
4 полни раце рукола
оцет балсамико

Подготовка:

Рерната се загрева на 180 степени Целзиусови. Вклучете ја и ринглата, на средна јачина. Во длабока чинија ставете 3 лажици маслиново масло, листовите од мајчина душица, истолчениот лук, изренданата кора од лимон и сол и бибер, па измешајте.

Доматите распоредете ги на тава за печење, да има простор во средина, а рикотата прелијте ја со ароматизираното масло и зачините и ставете ја на средина на тавата со доматите. Ставете и сосема малку вода и печете 45 минути, без промена на температурата.

На околу 10 минути пред крајот на печењето, сварете ги шпагетите. Потоа, рикотата ставете ја настрана, доматите изгмечете ги лесно, додадете малку од водата во која се вареа шпагетите. Потоа во сосот додајте ги и шпагетите, измешајте, а испечената рикота изгмечете ја со вилушка и додадете ја врз нив. На крај, измешајте ја и руколата и додадете малку оцет балсамико.

loading...

Останати вести

Зошто не смеете целосно да ги исклучите јаглехидратите од исхраната?

Elena Daskalova

Која е симболиката на 12.12.2020?

Elena Daskalova

Хијалуронска киселина – како се користи и дали воопшто ви е потребна?

Elena Daskalova