Истрагата ќе го бара „кртот“ кој го информирал Мијалков за притворот

Истрагата треба да покаже каде е „кртот“, дали во МВР, обвинителството или судот. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на прес конференција посочи дека се сомнева дека има крт во било која од институциите, поради долгото владеење на режимот, кој како што кажа, владеел многу долго време.

Спасовски праша и зошто се чекало долго време да се побара притвор и преземање на акција, префрлајќи ја топката кон ОЈО и судот.

„За да се чувствува одговорност, треба да направите намерен пропуст или да не постапите. МВР постапува веднаш од моментот на добивањето на информациите. Ние мора да ја бараме одговорноста во непостоењето на целиот систем. Доколку не се среди системот во Република Северна Македонија, ќе имаме вакви пропусти. Ова треба да биде силен аларм да се среди системот и да се постапува воедначено. МВР ги извршува наредбите од Обвинителството и Судот. Ние не можеме ниту да носиме одлуки, ниту пак да постапуваме без нивни одлуки“, рече Спасовски.

Според министерот, сите сили треба да се насочат кон пронаоѓањето на Мијалков и неговото носење пред лицето на правдата.

„Ако има некој кој допринел за бегството, треба да има кривична одговорност, без разлика дали е во МВР, судството или обвинителството. Многу работи се менуваат во правосудството. Има многу реформи и во МВР, меѓутоа, прашањето е дали ние ќе го смениме нашиот ум во делот на постапувањето во однос на криминалци кои можат да остварат ваквов начин на бегство. Ова е работа која мора да се заврши пред правосудните органи. Ние не сме имале мерка со која тој ќе биде следен, чуван и тн. Во овој предмет имаше една мерка, јавување во судот еднаш неделно. Тој поседува имот надвор од државата, многу пари и така натаму. Во секој момент кога полицијата имала наредба да постапува, постапувала“, нагласи Спасовски.

Тој најави дека ќе има прочистување во целиот систем, како и менување во умот кај сите, што е тоа што е најважно, односно справувањето со криминалот и корупцијата.

„Проверуваме и во сопствените редови за тоа кој и на кој начин постапувал во овој случај“, вели првиот човек на полицијата.

loading...

Останати вести

Мијалков доби 12 годишна затворска казна за прислушувањето

admin

Македонија меѓу земјите каде состојбата со корупцијата е најмногу влошена

admin

Заев: Не ни требаат бајпас решенија, нема алтернатива за членството во ЕУ

admin