Православните цркви кои го користат јулијанскиот календар, Божиќ се слави на 7, 8 и 9 јануари, започнувајќи со Рождеството Христово, потоа Соборот на Пресвета Богородица, а завршува со славење на споменот на Св. Стефан.
Значи, вториот ден Божиќ е во име на Божјата мајка, Пресвета Богородица, која со раѓањето на Исус, го донесе на свет Нашиот спасител. Поради тоа, симбол на денешниот ден е иконата на Пресветата мајка со Детето во раце.
Православните христијани низ светот денеска го слават Божјиот ден, чествувајќи ги сите учесници во значајните настани од претходниот ден. Исто така, додека првиот ден од Божиќ се поминува во кругот на најблиското семејство, на вториот ден радоста за Неговото раѓање ја споделуваме и со нашите пријатели и со членовите на поширокото семејство.