Кој стои зад „Сиа Виста“, новиот институт за испитување на јавното мислење?

„Сиа Виста“ е институот чија анкета во текот на вчерашниот ден се вртеше на дел од порталите. Во неа, резултатите се дијаметрално различни од оние кои ги објави Телевизија Телма, а која ја направи МЦМС, институт кој има голем кредибилитет и чии анкети се веродостојни, како што покажуваат и сите досегашни изборни циклуси.

Ден проверуваше кој е институот „Сиа Виста“, за кој доколку пребарувате на интернет, нема да најдете речиси ништо, освен вчерашната анкета и Фејсбук страница, на која пак се споделуваат вести на портали блиски до опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Како координатор за односи со јавноста на „Сиа Виста“ пак, е потпишан Сотир Костов, човек близок до ВМРО-ДПМНЕ, чија сопруга беше шефица на протокол на експремиерот Никола Груевски, а откако тој избега во Унгарија, таа стана шефица на протокол на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

loading...

Останати вести

За 24 часа примени 20 нови пациенти во ковид центрите во Скопје

admin

Спасовски со апел: Анонимно пријавете журка на 0800-00-201

admin

Како државата ќе го спасува Преспанското Езеро?

admin