Кристализираниот мед е безбеден за јадење, иако не ви е привлечен за око

Медот нема рок на траење. Археолози пронаоѓале грниња со мед стари со векови, но тој се уште бил во јадлива состојба. Тоа значи дека дури и оној кристализиран мед кој го избегнувате, всушност е сосема безбеден за користење.

Кристалите кои наликуваат на шеќер не се појавуваат во секој вид на мед и тоа воопшто не значи дека е додаван шеќер во производот. Напротив, во зависност од потеклото и периодот на годината, концентрацијата на природен шеќер во него може да биде поголема или помала и тоа директно влијае и на самата структура на медот.

Најчесто кристализацијата ја започнуваат честички од поленов прав или пчелин восок кои останале во медот. Понекогаш и ниската температура на чување може да влијае на структурата. Некои луѓе преферираат ваков мед, а постојат дури и технологии на механичка кристализација, за да се добие кремаста структура.

Сепак, ако го сакате течен и бистар, можете да го стопите на пареа и да го чувате на потопло место. Топлината нема да придонесе да се изгубат корисните состојки во него.

loading...

Останати вести

Најголемите заблуди за оние кои се вегетаријанци

Elena Daskalova

Навикнете го вашето куче на нова храна без проблеми

Elena Daskalova

Како алкалната исхрана го одржува вашето здравје?

Elena Daskalova