Во текот на утрешниот ден (16.02.2021 г., вторник) Македонија ќе биде зафатена со пониски температура, со што ќе влезе во жолта, алертна фаза, информира Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство.
На населението му се препорачува да се посвети внимание на заштита на здравјето, особено носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста консумација топли напитоци, избегнување алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.
Се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини.
Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана.