Маск го претрка Безос, стана најбогатиот човек на светот

Богатството на основачот на Илон Маск, се зголемило до 188.5 милијарди долари, се дознава во најновиот Индекс на милијардери на Блумберг. Со ова, Маск го надмина основачот на Амазон, Џеф Безос за 1.5 милијарди долари и стана најбогатиот човек во светот. 

Пораснатите акции на тргувањата на берзите денеска за 4.3 отсто на производителот на електро автомобили „Тесла“ придонело за зголемување на богатството на Маск, пишува Блумберг. 

„Чудно“, напиша денеска тој во соопштение на Твитер во одговор на оваа информација. 

„Добро, назад на работа“, додаде тој. 

Маск го освои второто место на рејтингот на Блумберг во ноември, надминувајќи го соосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс. Според агенцијата, Гејст моментно вреди 132 милијарди долари.

loading...

Останати вести

Почна чистењето на опожарениот Глобал

admin

Бајден до Заев: Очекувам интензивна соработка

admin

Продолжува седницата за спорот меѓу Владата и Макпетрол

admin