Матурата ќе се одржува согласно скратените програми и здравствените протоколи

Министерката за образование и наука Мила Царовска денес се сретна со претставници на Сојузот на средношколци, соопштува МОН. На состанокот се разговараше за претстојното полагање на матурата, програмите и начинот на којшто ќе се организираат испитите.

Министерката истакна дека ставот на МОН е дека државна матура треба да има како и во сите останати европски држави и држави од регионот и Северна Македонија не смее да биде исклучок по негативни практики.

„Образованието мора да продолжи да тече дури и во овие услови, бидејќи се работи за иднината на младите генерации. Ние нема да дозволиме пандемијата да се одрази на нивниот развој и нивниот напредок. Иако оваа година сите се соочуваме со нови предизвици, мора да обезбедиме континуитет во образовниот процес. За ова се бориме од самиот почеток и нема да отстапиме од оваа цел. Министерството за образование и наука за многу кратко време воспостави модел на настава која функционира и овозможува пристап до образование за секое дете во државата. Имаме шест месеци да се подготвиме за државната матура, што е повеќе од доволно за организирање на овој процес“

Мила Царовска

Министерката истакна дека државната матура е заокружување на стекнатото знаење и она што е многу важно ги насочува учениците во понатамошниот образовен процес.

„Разбираме дека постои страв и несигурност кај средношколците во однос на безбедноста и самиот процес на подготовка, но токму затоа сме тука, низ заеднички дијалог да понудиме решенија кои ќе гарантираат и безбедност и поддршка. Бидејќи работиме во вонредни услови, подготовките веќе течат. Првата одлука која ја донесовме е да ги скратиме програмите по кои ќе се одржуваат испитите од државната матура со цел полагањето да биде ефективно и организирано“

Мила Царовска

Средношколците на средбата беа информирани дека МОН преку Државниот испитен центар веќе ги извести секретарите на училиштата и наставниците за новините во државната матура: датумите на полагање, листата за избор на предмети, проширената листа на екстерни предмети за гимназиско образование со информатика и географија, новата програма за проектна задача, внесот на податоци во база, како и сите рокови при реализација на државната матура.

„Наставниците се тие кои најдобро ќе ги водат учениците низ процесот на полагање на државната матура. Истовремено, МОН е во постојан контакт со матурантите за да бидат во тек со сите новини со матурата и заеднички да организираме успешно полагање. Заедно со учениците, училиштата, со наставниците и секако со здравствените власти ќе најдеме начин самото полагање да биде безбедно. Истовремено, работиме на креирање систем кој ќе им помогне на средношколците да се подготват и да постигнат високи резултати на државната матура, кои ќе им бидат основа за понатамошно нивно надградување“

Мила Царовска

На состанокот беше најавена и целосно нова концепција за државна матура којашто ќе се применува од 2021/2022 година, а во чија изработка ќе бидат вклучени и наставниците и средношколците.

loading...

Останати вести

Бројот на заразени од сезонски грип опаднал за речиси 93 отсто

admin

МВР ќе распише потерница по Сашо Мијалков

Elena Daskalova

Захариева: Враќањето на српскиот јазик во училиштата покажува дека не се раскинати врските на Скопје со Белград и Москва

admin