Од МВР денеска информираа дека по Сашо Мијалков ќе биде распишана национална потерница, откако тој не е пронајден за да му се врачи решението за притвор.
Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет во случајот „Таргет-Тврдина“, за злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и за примање награда за противзаконито влијание, за што Обвинителството бара максимална казна. Пресудата треба да биде изречена на 26 февруари.
Доколку тој не биде пронајден, ќе биде распишана и меѓународна потерница.
loading...