Меган и Хари си ги отворија душите кај Опра: Суицидни мисли, ранливост, страв од повторување на минатото…

Принцот Хари и Меган Маркл за првпат по отстапувањето од кралските должности, во двочасовно интервју со Опра Винфри, ги открија и најситните детали кои довеле до нивно повлекување од кралското семејство.

Како што знаеме, минатата година започна нивното осамостојување, во обид да го заштитат својот брак, но и иднината на нивниот син Арчи, како и на девојчето кое го очекуваат наскоро.

„Гледав како историјата се повторува, но на уште поопасен начин. А, кога зборувам на повторување на историјата, зборувам за мојата мајка“, смета принцот Хари. Принцезата Дијана загина во 1997 година и нејзиниот живот постојано беше под лупа на јавноста, иако веќе извесно време беа разведени со принцот Чарлс.

На прашањето како би се чувствувала таа поради неговото повлекување, тој рече: „Сигурно ќе се налутеше, но она што го знам е дека сакаше да бидеме среќни.“

Меган пак, зборува за сите потешкотии кои ги имала како член на кралското семејство, меѓу кои и менталните проблеми и желбата за самоубиство. Таа откри дека многупати чувствувала преголем притисок од јавноста, а ноќите ги поминувала во нервози и плачење, на што мајка ѝ и најблиските пријатели ѝ велеле: „Мег, тие не ве заштитуваат“.Таа побарала од повозрасните членови на семејството да ѝ помогнат да најде терапевт, но веднаш била одбиена.

Лично се чувствувала како да е дел од некоја агенда или кампања на кралското семејство и иако и претходно беше јавна личност, овојпат притисокот бил многу поголем.

Токму одбивањето да помогнат, но и стравот од повторување на таа историја, биле причина парот да одлучи да се осамостои. Тие се среќни што се имаат еден со друг, додека пак, Дијана во целиот тој процес била сосема сама.

loading...

Останати вести

Захариева: Враќањето на српскиот јазик во училиштата покажува дека не се раскинати врските на Скопје со Белград и Москва

admin

Србија ќе даде 8000 вакцини Фајзер за Македонија

Elena Daskalova

Заев: Причината зошто немаме вакцини е дефицитот, имаме договр со Фајзер и Синофарм

admin