Милановиќ: Би купил вакцини против коронавирусот и од чеченската мафија

Во случај на вонредна состојба, би купил вакцини против коронавирусот „и од чеченската мафија”, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ синоќа во интерјву за телевизијата „Нова“.

„Сите се измамени. Сепак, вакцините повторно доаѓаат и мислам дека лекарите по улици ќе бараат луѓе да се вакцинираат. Не мора да го слушаме Брисел за се, но, ова не е суверенизам туку елементарна должност на државата кон граѓаните. Исто така, би купил вакцини од чеченската мафија, доколку се достапни, а ако станува збор за мои граѓани. Работиш во свој интерес“, изјави хрватскиот претседател.

На прашањето како го оценува тоа што Европската унија го постави прашањето како е тоа што Русија нуди вакцини, а не ги вакцинираше ниту нејзините граѓани, Милановиќ оцени дека тоа е логично прашање.

„Па, мојот син исто така го доведе во прашање тоа, а тоа значи дека немаат доволно вакцини и дека сигурно нема да се грижат за Хрватска и Србија. Ме интересира колку од тие вакцини пристигнаа во Унгарија. Симболично. Но, не можете да ги вакцинирате луѓето симболично, туку навистина“, оцени Милановиќ.

loading...

Останати вести

Русите понудиле вакцини против Ковид-19 на владата, но не добиле одговор

admin

Милевски: Работиме за граѓаните, стануваме посветени на рамномерниот развој

admin

Во гаснењето на пожарот во Глобал на помош дошле пожарникари од околните градови

admin