Мијалков: Бев болен, со 40 температура, доаѓам во обвинителството

Се извинувам на целата македонска јавност заради непријатноста што се случи. Јас никогаш нема да побегнам, еве ме гледате, јас сум тука. Се извинувам на владата, премиерот, министрите, на судските инстанци, рече ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, за кој два дена се зборуваше дека е во бегство, додавајќи дека поради температурата, одлучил да се изолира од семејството.

Тој во ексклузивна изјава за Телевизија 24, пред обвинителството за организиран криминал посочи дека ќе оди во домашен притвор и дека нема намера да избега од Македонија.

„Се случи еден ден да бидам во изолација поради симптоми на коронавирусот и еве гледате непријатност. Јас кога ќе дадам збор, на него останувам, нема да избегам“, рече Мијалков за телевизијата.

Тој посочи дека оди во обвинителството, по што најверојатно ќе оди во домашен притвор.

loading...

Останати вести

Тестирана нова вакцина против коронавирусот, се очекува нејзино одобрување

Elena Daskalova

Италија на прво место по смртност од Ковид-19 во Европа

admin

Русија понуди 100 милиони вакцини против Ковид-19 за ЕУ

admin