Мијалков доби 12 годишна затворска казна за прислушувањето

Дванаесетгодишна затворска казна доби поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. Кривичниот суд го прогласи за виновен за незаконското масовно прислушување во Македонија, за што, според пресудата, бил главниот организатор.

Мијалков се гонеше по три кривични дела, односно за „Злоупотреба на службената положба и овластување“ за што е осуден на казна затвор од 5 години, за „Злосторничко здружување“ на казна затвор од 5, и за „Примање награда за противзаконито дејствување“ на казна затвор од 3 години. Тој ги доби максималните казни предвидени за секое дело, или единечна казна за сите три дела од 12 години.

Сепак се очекува казната набрзо да му се намали, бидејќи едно од делата за кое е осуден на 3 години, му застарува за еден месец.

Поранешната министерка Гордана Јанкулоска пак е осудена на казна затвор од 4 години, началничката Надица Николиќ на казна од 3 години, а Тони Јакимовски на казна затвор од 6 години.

Бегалците, односно поранешните началници во УБК, Горан Грујевски е осуден на единечна казна од 15 години, како и Никола Бошкоски на 15 години.

Судот им изрече условни затворска казна од две години на обвинетите Владимир Варелов, Маријан Шумуликовски, Силвана Златкова и Васил Исаковски, за сторено кривично дело „злосторничко здружување“ и „злоупотреба на службената положба и овластување”.

За обвинетата Валентина Симоновска Судот изрече условна казна затвор од две години за кривичнoто делo „фалсификување службена исправа“.

loading...

Останати вести

Мицкоски се премисли – Не сака лидерска организирана од Пендаровски

admin

ВМРО-ДПМНЕ закажа и вонреден и редовен конгрес?

admin

Приведен маж од Кочани, пронајдени над 600 пиротехнички средства

admin