МОН и Државниот матурски одбор ќе го реализираат концептот од 2007-2013 година

На денешниот состанок на Министерството за образование и Државниот матурски одбор беше прифатен предлогот за полагање на два екстерни, два интерни и еден проектен испит за матурантите.

Идентичен модел беше реализиран кога првпат се воведе државната матура во учебната 2007/08 година, па се до 2012/13, а потоа се воведе трет екстерен испит. Со оглед на изминатата учебна година, но и оваа, кои во најголем дел се одвиваат онлајн и се забележуваат промени во квалитетот на реализирање на наставата, матурантите побараа одложување или намалување на обемот на испити.

Она што е ново е дека ваквата промена ќе донесе и поинакво калкулирање на поените. Останува на Државниот матурски одбор да изготви предлог-концепт, кој заеднички ќе биде усвоен со МОН и претставници на Сојузот на средношколци.

loading...

Останати вести

Влада: Податоците од пописот се за перспективите на граѓаните и државата

admin

Казнети 439 лица кои не носеле маски

admin

Мицкоски се премисли – Не сака лидерска организирана од Пендаровски

admin