МОН ќе го унапредува стручното образование преку грантови и проекти

Министеркта за образование и наука, Мила Царовска, денес се обрати на вебинар на Регионалниот фонд за предизвици, каде беше промовиран повикот за финансирање на проекти за унапредување на средното стручно образование и обуки.

Според кажаното, на средните стручни училишта и компаниите им стануваат достапни финансиски средства за опремување на работилници и лаборатории неопходни за реализирање на практична настава и дуално образование. Министерката Царовска очекува дека овој потег ќе придонесе за значајно подобрување на квалитетот на стручното образование во Македонија.

Таа нагласи дека Регионалниот фонд ќе внесе нова динамика затоа што влезот на финансиски средства и можноста да бидат поддржани идеите на училиштата и компаниите, ќе ја поттикне соработката меѓу нив и конечно ќе се види дека бенефит од овој процес имаат и компаниите и училиштата, а резултатот се остручени ученици. Средставата ќе можат да се употребат за реализација на проекти поврзани со набавка на опрема, обуки на ментори и се друго што е потребно за квалитетно реализирање на образовни програми во стручните училишта. Финансиската поддршка ќе овозможи повеќе компании да се вклучат во практичната обука и дуалното образование.

Исто така, се нагласува и потребата на отворање на нови струки и профили во средните стручни училишта, според потребите на пазарот на трудот, што ќе резултира со стручен кадар кој потоа може да се вклучи во работните процеси.

Инаку, регионалниот фонд за предизвици функционира со овластување од Германското сојузно министерство за економска соработка и развој (BMZ) и е поддржан од KfW Германската развојна банка, а има за цел да ја зајакне важноста на пазарот на трудот во однос на стручното образование и обука преку финансирачки инвестиции во опрема и инфраструктура за субјектите кои обезбедуваат обука и кои учествуваат во заеднички активности за обука со партнерските претпријатија.

loading...

Останати вести

Захариева: Спорот ќе се реши кога ќе се смират страстите

admin

Нуклеарната централа Кршко застана со работа од земјотресот во Хрватска

admin

Инспекторите и МВР со интензивирани активности пред празниците

admin