Со заработка од 3,5 милиони евра во минатата година, жител на Битола е најбогатиот граѓанин на Македонија. Лице од Струга пак, од индустријата со метали имал бруто доход од 1.9 милиони евра, односно месечна плата од 156 илјади евра, со што е човекот кој ја примил најголемата месечна плата.
Во споредба со 2018 година, според УЈП има значително намалување на остварените приходи по сите основи. Сега прворангираниот, со истиот доход во 2018 година бил на 9-то место.
Највисоко лично примање преку хонорар има пријавено скопјанец, кој вршел услуги за градежна компанија и зел 789 илјади евра.
Скопјанец кој продал сопственички удел во странска компанија пак, има највисока капитална добивка од речиси 1,5 милион евра. Највисоката дивиденда вредна 3,4 милиони евра е исплатена на битолчанец. Најмладиот милионер има 6 години, додека највозрасниот 101 година.