НБРМ: Граѓаните да бидат исклучително внимателни со криптовалутите

Криптовалутите изминатиот период се топ-тема во светот, знаејќи дека најпопуларната меѓу нив, Биткоинот, постигнува историско високи вредности. Многу луѓе ширум светот стануваат сè позаинтересирани во врска со овие валути.

Поради тоа, Народната банка ги објави најчесто поставуваните прашања, како и пакет на совети наменети за оние кои размислуваат да инвестираат или на некој друг начин да се здобијат со крипто-заштеда. Меѓу другото, тие советуваат и даваат до знаење дека:

  • Како и во други земји, така и кај нас, нема општо прифатена дефиниција за крипто-средствата. Во основа, крипто-средствата се сметаат за специфичен вид нематеријално средство, засновано на одредени технологии, коешто не е издадено, ниту, пак, неговата вредност е гарантирана од централна банка или друг регулаторен орган, не претставуваат пари и понудата на овие средства не зависи од потребите на економијата или монетарниот систем.
  • Крипто-средствата не претставуваат законско средство за плаќање во нашата земја. Согласно со постојната регулатива, плаќањата во земјата можат да се вршат во домашната валута ‒ денарот.
  • Како и во многу други земји, така и кај нас, не постои регулатива со која се регулираат издавањето, вложувањето и тргувањето со крипто-средствата.
  • Вложувањето во крипто-средства се смета за високо ризично. Сите коишто вложуваат или имаат намера да вложат во крипто-средства треба да бидат исклучително внимателни и добро да се информираат за потенцијалните ризици на кои се изложени и ефектите од таквите вложувања.

Со оглед на тоа дека тематиката поврзана со крипто-средствата на глобален план е во постојан развој, постои веројатност од понатамошно менување и дополнување на искажаните ставови, во зависност од тоа какви стандарди ќе се развиваат во врска со крипто-средствата на глобално ниво.

Одговорите на најчесто поставуваните прашања можете да ги прочитате тука.

loading...

Останати вести

Др. Кунгуловски: Треба да бидеме претпазливи дали британскиот вид на Ковид-19 циркулира низ Македонија

admin

Влада: Податоците од пописот се за перспективите на граѓаните и државата

admin

Приведен маж од Кочани, пронајдени над 600 пиротехнички средства

admin