Камала Харис, новата потпретседателка на САД, членка на кабинетот на новоизбраниот претседател Џо Бајден, веќе ќе се појави на насловната страница на легендарното списание Vogue во февруари.
Како што наведуваат од магазинот, таа веќе испишува историја во САД, но има и уште поважна задача, да помогне да „закрепне“ државата и повторно да ја врати својата политичка и економска сила и позицијата во светот.
Наводно, менаџерскиот тим на Харис не бил задоволен од објавените фотографии, но сепак има доволно време сето тоа да се промени додека да излезе списанието, кое во насловот пишува „Камала Харис и новата Америка“.
Харис, заедно со Бајден, на 20 јануари ќе положи заклетва за потпретседател и со тоа и официјално започнува нивниот мандат во Белата куќа.